Во Њујорк повторно е забележана ајкула во близина на плажата, а на интернет се појави снимка на која се гледа како таа скока од океанот и се врти во воздухот.
На видеото се гледа како ајкулата излегува од брановите, извлекувајќи го речиси целото тело од водата, додека мајка и дете стојат на неколку метри од неа во водата.
View this post on Instagram
Инаку, плажата всушност била затворена во моментот на снимањето на видеото, бидејќи од 3 јули на таа област биле забележани уште шест ајкули.
Тогаш се случил првиот напад – чувар на плажа бил каснат од ајкула за време на вежбање, и за среќа се опоравил од нападот.
Двајца пливачи беа нападнати во средата, кога њујоршкиот адвокат Шон Донели (41) рано наутро бил каснат за ногата од ајкула додека бил на педалина и бил однесен во болница откако локален ренџер му помогнал. Последниот напад се случи на 16 јули.
Затоа гувернерката на Њујорк, Кети Хочул во понеделникот побара од властите да ги засилат патролите, вклучително и употреба на дронови и хеликоптери за следење на океанот.
„Ќе преземеме акција за да ги прошириме патролите на ајкулите и да ги заштитиме посетителите на плажа од потенцијално опасни ситуации“, рече Хочул.