вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Патување околу светот со луксузен крузер: Трае 245 дена, а за ова задоволство ќе треба да одвоите најмалку 75.000 евра (ФОТО+ВИДЕО)

Патување околу светот со луксузен крузер: Трае 245 дена, а за ова задоволство ќе треба да одвоите најмалку 75.000 евра (ФОТО+ВИДЕО)

Луксузниот норвешки крузер „Viking Sun“ следниот август тргнува на патување околу светот и за 245 дена ќе посети 59 земји, на секој континент. Крузерот, на кој ќе има 930 патници, ќе застане на 113 пристаништа.

Да би го поминале светот на ова луксузно крстарење треба да издвоите најмалку 75.000 евра, пишува Дејли Мејл.

„Viking Sun“ со своите 930 патници пристаништето во Гринич ќе го напушти во август следната година, а патот околу светот би требало да се заврши во мај. Во текот на 245 дена или осум месеци ќе бидат посетени сите континенти, освен Антарктикот.

Првите пристаништа ќе бидат во Ирска и Норвешка, а потоа крузерот преку Атлантикот ќе стигне на Гренланд.

Во цената е вклучена и авионска карта за лет со бизнис класа до Лондон, како и сите оброци. На крузерот патниците ќе може да уживаат во класична музика, предавања по историја и уметност, како и во часови за готвење.

Најевтината карта чини 75.000 долари од човек, што значи дека еден пар ќе мора да издвои 150.000 од својот буџет за пат околу светот.

Патниците на располагање имаат два базена, но и термална бања која вклучува снежна пештера, од каде паѓаат снегулки.

Најголемата кабина е „сопственичкиот апартман“, која веќе е резервирана, и покрај тоа што чини 220.000 од еден човек, односно дури 440.000 евра за двајца.

Планирано е крстарењето да заврши во мај, кога крузерот ќе помине низ Суетскиот канал до Медитеранот, а потоа преку западните брегови на Шпанија и Португалија ќе се врати назад во Велика Британија.

Погледнете и видео од овој луксуз кој ретко кои луѓе можат да си го дозволат: