Пензионерот од Англија, Роџер Џексон (77) е осуден на затворска казна бидејќи повеќе од 7.000 пати ја повикал итната служба, изложувајќи ги нејзините работници на вербална злоупотреба.
Од септември 2020 година тој им одземал повеќе од 400 часа работа на полицијата во Сасекс и вработените во центарот за повици за брза помош.
На крајот на јануари ја признал вината и бил осуден на три години и три месеци затвор за повеќекратна вербална злоупотреба, пишува Индипендент.
Шефот на центарот за повици на полицијата во Сасекс, Сара Луиз Глидон, вели дека осомничениот ги блокирал линиите со неговите повици до луѓето на кои навистина им била потребна помош.
Таа рече дека тој се јавувал на 911 „упорно со години“ и дека неколку пати бил предупредуван дека може да биде уапсен.
-Количината и зачестеноста на неговите повици влијаеше на нашата способност да обезбедиме услуги на граѓаните кои се обидуваа да ги добијат нашите услуги додека тој ја блокираше линијата, рече Глидон.
Таа додаде дека нејзините колеги професионално си ја вршат работата секој ден и не треба да трпат луѓе како Џексон.