Гинисовата книга на рекорди на својот канал на Јутјуб објави видео од кученцето помало од далечински управувач. „Тивка е, но вистински џин“, откри гордата сопственичка на најмалото куче на светот, Ванеса Семлер. Таа додаде дека Перл сака да слуша класична музика и да гледа телевизија, а омилена храна му е висококвалитетно пилешко или лосос.