четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Пиво направено во вселената веднаш распродадено и тоа по „вселенска“ цена

Пиво направено во вселената веднаш распродадено и тоа по „вселенска“ цена

Пиво направено од хмељ, кое помина три дена во вселената како дел од историската мисија на „Space X“ на цивилен екипаж кој летал во орбитата околу Земјата, беше пуштено во претпродажба – и веднаш распродадено.
Пиварницата „Адамс Бруерс“ од Бостон на 15 септември испратила 30 килограми хмељ во вселената како дел од мисијата „Инспирација 4“, а по враќањето на Земјата од него направиле ограничена серија на пива кои ги нарекле „вселенски занаетчиска ИПА“.

Цената на пакувањето од четири лименки од тоа пиво е 22,33 долари, а официјално ќе биде пуштено во продажба на 16 ноември. Пивото ќе се продава само во САД, а ќе има арома на маракуја, гуава и грејпфрут, но ќе ја содржи и класичната горчина на крафт пивото.

Пабот се обрати на социјалните мрежи кога бараше име за своето вселенско пиво, а името „вселенско летало“ беше избрано од повеќе од 5.000 предлози. Оваа американска занаетчиска пиварница не е првата која има амбиции да произведува пиво од вселената.

Слични планови има и Бадвајзер, кој сака да прави пиво за идните колонисти на Марс. Тие веќе испратија неколку пратки со јачмен до Меѓународната вселенска станица за подобро да разберат како може да се организира подготовка на пиво во вселената.