вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

Покажете им каде им е местото: Неколку начини како правилно да одговорите на нечија навреда

Покажете им каде им е местото: Неколку начини како правилно да одговорите на нечија навреда

1. Најдете време да размислите

Размислувањето не е лесно кога мозокот ви „замрзнува“ од изненадувањето предизвикано од нечие лошо однесување, навреда или провокација. За да може вашиот мозок да го најде соодветниот одговор, потребно е да му дадете малку време. Ако успеете да го натерате сопствениот мозок да дојде до одговор, ќе се браните на вистински начин, а на провокаторот повеќе нема да му текне да се обиде да ве понижи.

2. Не ги сфаќајте туѓите зборови лично

Без разлика колку, на пример, сте згрешиле на работа, не заслужувате да бидете понижувани од вашиот шеф или некој друг претпоставен пред тимот. Во деловно опкружување, подобро е да и кажете на личноста која ве навредила дека сакате да разговарате насамо. Слободно кажете и лично дека таквото однесување не е во ред и дека нема да го толерирате.

3. Излезете од ситуацијата

Не останувајте во навредливиот разговор, обидувајќи се да ги промените и подобрите работите. Ако не ви се допаѓа разговорот и нечии зборови, слободно кажете го тоа. Тргнете се од патот без никакво двоумење и продолжете со разговорот кога ќе се почувствувате подготвени.

4. Обидете се да ги разберете мотивите на другите

Потребно е повторно да ги погледнете причините поради кои некој ве понижил. Разбирањето на мотивите на друго лице за нивните лоши постапки не значи автоматски дека треба да му простите или да го надминете она што е кажано.