„Дали е можно ова да се прави во јавниот превоз?“, напишала корисничката на „Твитер“ која го објавила видеото од девојката која лупела компири во јавниот превоз во Србија.
Ова видео станало вирално на социјалните мрежи.
Во него, девојка облечена во минијатурен розов фустан и високи потпетици седела во автобус, во еден момент извадила голем компир и нож и започнала да го лупи.
Jel moguće ovo da radite u gradskom prevozu 😫 pic.twitter.com/QmTjfP1oOH
— Nina Krunić (@nina_krunic) July 11, 2023
Луѓето кои седеле околу неа ја гледале со целосно неверување. „Наскоро ќе почнат да сушат и месо“, напишал некој под објавата. „Дали е можно ова да е реално?“, се надоврзал и друг корисник.
Многумина кои ја коментирале објавата верувале дека е снимена само за кликови и како е наместена.