Пушењето е штетно и опасно по здравјето, посебно ако пушите на бензинска станица.
Токму тоа при крај на минатиот месец го направил еден возач на бензинска станица во Чељабинск во Русија.
Снимката од надзорните камери прикажува возач на “Dacia Logan” кој додека ставал бензин одлучил да запали цигара. Секако, кога ја запалил запалката, се запалила и бензинската пареа, а огнот брзо се проширил на автомобилот.
Добра вест е дека резервоарот со гориво не експлодирал, а возачот бил доволно присебен да седне во возилото и да го однесе на безбедно.
Веднаш потоа се вратил и со противпожарен апарат се обидел да го изгасне пожарот.
Локалните медиуми известуваат дека возачот е во болница бидејќи заработил сериозни изгореници на ногата. Доволна поука за сите пушачи да не палат цигара во близина на запаливи материи.
A man in #Chelyabinsk region, #Russia decided to light a cigarette at a petrol station. The result of this can be seen in the video. pic.twitter.com/PaVS5cuU8P
— NEXTA (@nexta_tv) July 30, 2022