недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Поради загрозеност на екосистемот слоновите се селат во помирно опкружување

Поради загрозеност на екосистемот слоновите се селат во помирно опкружување

Производителот на дијаманти „Де Берс“ соопшти денеска дека ќе префрли 200 слонови од својот приватен резерват во Јужна Африка во соседниот Мозамбик, за да се обнови тој животински вид кој е погоден од тамошниот конфликт.

Слоновите ќе мораат да поминат пат долг 1.500 километри од Националниот парк „Зинаве“ во Мозамбик, кој се простира на 400.000 хектари, пренесува агенцијата Ројтерс.

Во моментот слоновите се наоѓаат во резерватот „Венетиа Лимпопо“ на површина од 32.000 хектари кој може да прифати до 60 слонови, а ги има дури 270.

Со тоа навистина е загрозен еко-системот кој одржува разнолика популација на дивина, наведува фондацијата „Паркови на мирот“, коа ќе го организира префрлањето на слонови во Мозамбик.

Бидејќи слоновите се социјални суштества, „семејната група“ ќе остане заедно за време на префрлањето на другото засолниште, наведува фондацијата.