„Откако ме остави дечко ми, решив да го натерам да зажали и успеав.“
Tрансформацијата на жената по име Џордан (30), која по раскинувањето решила целосно да го промени личниот опис, стана вирална на Тикток.
Значително ослабена, со нова боја на коса и исончан тен сега изгледа како друга жена.
Нејзината цел, вели таа, била момчето да се покае за одлуката.
-Сега ти е жал? Разбирам, и јас би била лута – вели Џордан, која не застана тука, туку сподели фотографија од суровата порака која момчето ѝ ја пишало: „Никој никогаш нема да те сака!“.