сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Потег кој го подели интернетот: Туристка нарачала јастог од 200 евра во отмен ресторан, а потоа направила нешто неочекувано

Потег кој го подели интернетот: Туристка нарачала јастог од 200 евра во отмен ресторан, а потоа направила нешто неочекувано

Во еден луксузен ресторан на Сардинија била забележана несекојдневна сцена која ги подели мислењата на интернет корисниците.

Една неименувана туристка од Швајцарија го нарачала најголемиот јастог во понудата, кој чинел 200 евра, а потоа побарала да ѝ го донесат жив.

Јастогот ѝ бил донесен во кофа, а жената пришла до водата, нежно го извадила и го спуштила во морето во северниот дел на Сардинија.

Сцената ја овековечил нејзиниот сопруг, а објавата набрзо стана вирална.