Екстремен обожавател на модификации на телото, вели дека е само на 16% од неговиот проект „Црниот вонземјанин“.
Французинот Ентони Лофредо мораше да отпатува за Барселона за да претрпи модификации што се нелегални во Франција.
Иако модификацијата на телото станува сè попопуларна, Лофредо дефинитивно ја однесе во нови крајности. Освен што сега тој нема нос и неговиот јазик е поделен на два дела, Лофредо ја истетовира целата кожа, има пирсови на целото лице, вклучително и преку брадата, му се вградени импланти во главата и се чини дека му се отстранети ушите.
Во интервју за францускиот весник „Миди Либре“ во 2017 година, Лофредо зборуваше дека негов сон е да изгледа како вонземјанин.
View this post on Instagram
Proyecto 💪💪💪💪 🚀⌛⌛ – BŁλ₡ƙ λŁłE₦ PƦØJE₡₸ EVØŁU₸łØ₦ . – @oscarmarquezbodymod
„Уште како мал бев многу страстен за мутациите и трансформациите на човечкото тело“, изјави тогаш тој, откривајќи како, работејќи како чувар, сфатил дека не го живее животот како што сакал.
Со години работи на својот проект, а за повеќето од неговите модификации е заслужен уметникот од Барселона, Оскар Маркез и љубител на модификации на телото. Тој неодамна на Инстаграм покажа како изгледал пред 6 години.