сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Поучна приказна: Колкава е денес вредноста на луѓето?

Поучна приказна: Колкава е денес вредноста на луѓето?

Еден познат говорник го започнал својот говор покажувајќи банкнота од 20 долари. Почнувајќи ја својата приказна пред 200 присутни, тој прашал:

– Кој ја сака оваа банкнота?

Присутните полека почнале да ги креваат своите раце.

Потоа, говорникот додал:

– Ќе ви ја дадам оваа банкнота, но само ако ми дозволите да направам нешто прво. Потоа ја изгужвал.

Прашал повторно:

– Кој ја сака оваа банкнота?

Пак, луѓето почнале да ги креваат своите раце.

Тој се насмевнал и продолжил:

– Што ако го направам ова?

Потоа ги спуштил парите на подот и ги згазил, а потоа валкани и изгужвани повторно ги подигнал и го поставил истото прашање:

– Ја сакате ли уште оваа банкнота?

Луѓето повторно ги кренале своите раце.

– Пријатели мои, ова што денес го научивте е вредна лекција. Без оглед на тоа што и да направив со парите, тоа не ја намали нивната вредност. Уште вредеа 20 долари.

Многупати во нашиот живот ќе бидеме згужвани, ќе паднеме на земја, ќе бидеме згазени. Но, размислете – ја намалува ли тоа нашата вредност?

Не сте безвредни. Напротив, вие сте посебни и никогаш немојте да го заборавите тоа.