недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Правосмукалката БРЗО СЕ ЗАГРЕВА И НЕ ВЛЕЧЕ КАКО ПОРАНО? Направете го ова и ќе биде како нова!

Правосмукалката БРЗО СЕ ЗАГРЕВА И НЕ ВЛЕЧЕ КАКО ПОРАНО? Направете го ова и ќе биде како нова!

За среќа, решението за оваа ситуација е повеќе од едноставно. Еве што треба да направите за да го направите повторно како нов.

Прво, отворете го делот од правосмукалката каде што се наоѓа вреќата за прав. Забележете ја гумата на капакот. Оваа гума, кога капакот е затворен, треба да биде залепена до гумата на вреќата за прав и херметички да биде запечатена.

Ако тоа не е случајот, значи дека на гумата се формирале наслаги прашина, кои на некои места се подебели. Поради ова, двете гуми не се лепат една до друга и моторот наместо да влече воздух низ цревото на правосмукалката, го влече воздухот помеѓу овие две гуми, што значително ја намалува моќта на чистење.

Слично може да се случи и на гумениот дел од вреќата за прав. Решението, погодувате, е едноставно. Отстранете ги тврдите наслаги од гумата со влажна крпа. Направете го истото на вреќата за прав.

После тоа, неопходно е да се исчистат и филтрите, кои значително се валкаат по долго време користење на правосмукалката. Отстранете го вшмукувачкиот филтер од куќиштето. Направете го истото со филтерот што го чисти воздухот што излегува од правосмукалката.

Најпрво добро протресете ги двата филтри, а потоа измијте ги со вода и детергент (можете да ставите и нови ако ги имате). По сушењето, вратете ги филтрите на своето место.

Кога ќе ја вклучите правосмукалката, ќе видите дека повторно работи како нова – добро вшмукува и не се прегрева.

Ако сè уште не работи, или повикајте механичар да провери или време е да купите нова.