Иако штрковите често можат да се видат во источните делови на Македонија, тие сепак живеат на крововите или бандерите каде немаат никаков контакт со луѓето.
Сепак штркот Иле веќе 14 години е домашно милениче во семејството на Таки во селото Облешево.
Штркот повредувајќи го своето крило останува да живее во домот на ова семејство од 2007 година до денес.
Тој во домот на Таки паднал на втори август, па затоа го добил името Иле, но откако дознале дека е женско го прекрстиле во Илинка.
Целиот прилог на Телевизија М-НЕТ погледнете го ТУКА.