недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Пред 530 години Кристофер Колумбо ја направил првата белешка за употребата на тутунот, еве што пишувало

Пред 530 години Кристофер Колумбо ја направил првата белешка за употребата на тутунот, еве што пишувало

На 15 ноеммври во 1492 година Кристофер Колумбо, откривајќи ја Америка, ја направил и првата белешка за употребата на тутунот меѓу Индијанците.

На овој ден, тој во својот дневник напишал: „Домородците ми подарија овошје, копја и некави исушени лисја кои имаат силен мирис. Лисјата ги виткаат, ги палат со оган и вдишуваат дим, а димот го испуштаат кон луѓето”.

Всушност Колумбо за прв пат видел тутун, кој подоцна двајца негови морнари го однеле во Европа.

Тоа бил првиот пишан документ за ова растение, кое набрзо потоа го освоило не само стариот континент – Европа, туку и целиот свет, а за кое медицината утврдила дека има штетно влијание врз човековото здравје.