вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Претходно била во врска со калкулатор: Студентка се заљубила во тетрис, сега сака и да се венча со него

Норул Махјабин Хасан од САД вели дека ја привлекуваат само објекти кои ги перципира како машки. Пред тетрисот таа била заљубена во калкулатор, кој настрадал при чистење.
Претходно била во врска со калкулатор: Студентка се заљубила во тетрис, сега сака и да се венча со него

20 годишната Норул Махјабин Хасан, студентка по математика од Орландо на Флорида, вели дека има намера да се омажи за играта тетрис. Пред тоа била заљубена во калкулатор со име Пјер, кој „починал“ во  тек на рутинско чистење. Норул била во романтична врска со Ај-под, но во врска со тетрисот повеќе од една година и планира венчавка после дипломската.

-Тетрисот е толку секси, тој е прекрасен, совршен, вели Норум Махјабин Хасан. Дневно најмалку 12 часа ја игра играта.

Тврди дека ја привлекуваат објекти кои ги перципира како машки.

-Луѓето никогаш не ме привлекувале, вели Норул.

Таа кога говори за својот калкулатор Пјер, вели дека „сакала да ги допира неговите копчиња“.

-Го допирав и со јазикот. Тоа беше интелектуална врска, вели таа.

-Сега планирам венчавка. Сакам сите мои пријатели да бидат таму кога ќе станам госпоѓа тетрис, вели Норул, пишува „Odditycentral“.

Нејзиното семејство се бори со тоа и се обидуваат да ја разберат.