среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Преживеала пекол поради операција во Турција – еве какво и е лицето сега по затегнувањето (ВИДЕО)

Преживеала пекол поради операција во Турција – еве какво и е лицето сега по затегнувањето  (ВИДЕО)

„Ова никој не го кажува пред да направите затегнување на лицето, а симптомот што се појави после тоа, за малку ќе ме чинеше живот“!

Британската корисничка на Тикток која на мрежата се претставува како @77apparel го подели своето искуство по интервенцијата за затегнување на лицето во Турција од која за малку ќе го изгубела животот. Како што кажува, по операцијата толку многу дехидрирала што несвесно испила 14 литра вода за 24 часа, па за малку ќе умрела.

Таа им се обрати на корисниците на мрежата за да ги предупреди за ризиците и компликациите од таквата интервенција за кои не знаела дека може да се случат.

Како резултат од преголемата количина течност во организмот, таа добила ендеми во ткивата и отоци поради кои не можела да дише. Стомакот и станал огромен, а вратот и нозете исто така ѝ отекле.

Таа ги довикувала медицинските сестри, но тие не знаеле англиски јазик и не можеле да ја разберат. Почнала да се гуши и да се бори за здив.

Во еден момент дошле две поискусни сестри кои сфатиле што се случува и веднаш ѝ дале инјекција за исфрлање на водата од организмот.

-Откако ми дадоа инјекција, имав чувство како да тонам и исчезнувам. Веројатно сум се онесвестила. Во тој момент, близок до смртта, го запознав Бога кој ми кажа кои работи во мојот живот да ги поправам. Инјекциите делуваа, моето тело почна да го исфрла вишокот вода и се вратив во живот – го сподели таа своето трауматично искуство со своите придружници на оваа популарна социјална мрежа.

Долго време по операцијата, таа имала отоци и модринки на лицето, и изгледала изобличено. За среќа, по извесно време, тие се намалиле и нејзиното лице сега изгледа нормално.

Како што објаснија британските лекари, секоја операција е ризична:

– Секоја операција е ризична, компликации се случуваат и во Велика Британија, но таму хирургот и останатиот медицинскиот тим сносат голема одговорност со цел да ви обезбедат соодветно закрепнување. Клиниките во странство може или не го обезбедуваат ова. Ризикот е ваш – соопшти Националната асоцијација на хирурзи.

Да потсетиме, сè повеќе Британци одат во Турција на бројни естетски операции или стоматолошки интервенции бидејќи таму е многу поевтино, но и ризикуваат да се случат можни компликации за кои сè почесто се зборува на социјалните мрежи.

@77apparel Part 2 turkey surgery advice an a heads up #turkeysurgerytiktok #turkeysurgery #surgery #fatgrafting ♬ original sound – 77 Aparrel