Британската принцеза Шарлот, помалото дете на војводата и војвотката и Кембриџ, вчера тргна во градинка. Кенсингтонската палата твитна две фотографии од младата принцеза, пишува „editioncnn.com“.
Фотографиите ги фотографирала нејзината мајка, Кејт Мидлтон, час пред принцезата да тргне во градинката Вилкокс, приватна установа во западен Лондон. Градинката е основана во 1964 година и сместена е недалеку од Кенсингтонската палата.
Оваа градинка за една година наплаќа 16.500 евра и во текот на последната официјална инспекција, оценета е како „извонредна“.
Британската принцеза Шарлот, помладата сестра на Џорџ, во мај ќе наполни три години. До тогаш и таа ќе биде постара сестра, затоа што во кралското семејство се очекува принова во април.
Нејзиниот прв ден во градинка е четири месеци откако нејзиниот брат Џорџ, почна со школувањето. На него на првиот ден друштво му правеше неговиот татко Вилијам.