недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Пронајден најцелосниот фосил на желка од времето на диносаурусите

Пронајден најцелосниот фосил на желка од времето на диносаурусите

Пронајден е солидно сочуван фосил од морска желка, којшто датира од времето на диносаурусите. Черепот и екстремитетите на желката се речиси нечепнати.

Станува збор за животно што пред 150 милиони години пливало во плитките делови на тн. Тропското Море коешто се наоѓало на подрачјето на денешна Европа – во крајбрежните области наместо на отворено море. Наодот го доби името „Solnhofia parsonsi“, а научниците го опишуваат како како „извонреден“. Сите денешни морски желки имаат издолжени вкочанети екстремитети, перки, кои ги користат за движење во океанските длабочини. Сепак, екстремитетите на споменатиот фосил биле пократки во споредба со постоечките желки, објави „Си-ен-ен“.

Феликс Аугустин, докторанд на Универзитетот на Тубинген во Германија, истакна дека овој фосил е најдобро зачуваниот фосил од овој животински вид. Според него, скоро целосно се сочувани черепот, школктаа и четирите екстремитети. Недостасуваат само коски на стапалата.

– Екстремитетите, на денешните желки, особено прстите и нивните фаланги (вид коски, з.п.), се многу издолжени и им служеле како перки. Ова не било случај со желката „Solnhofia parsonsi“ – не биле наменети за стотици километри, нагласи Аугустин.

„Solnhofia parsonsi“ била долга 30 сантиметри од носот до опашката, а главата ѝ била релативно голема – со должина на черепот од 10 сантиметри.

Фосилот е откриен во 2014 година под каменолом за варовник во југоисточна Германија, на место богато со фосили од ерата на диносаурусите. Не се пронајдени само фосили од желки, туку и риби, крокодили и џиновски морски рептили како што се плезиосаурусите и ихтиосаурусите. Експлоатацијата на каменоломот почна 50-тите, додека ископувањата фосили почнаа пред 20 години.

„Solnhofia parsonsi“ беше опишан како вид во 1975 година, врз основа на два речиси целосно исти черепи – едниот најден во Баварија, другиот во Швајцарија. Последниот наод допрва треба да се проучува научно.

Д-р Мартон Раби смета дека оваа хипотеза има смисла со оглед на тоа каде е пронајден фосилот. За време на периодот на диносаурусите, Германија била архипелаг од мали острови коишто го претставувале живеалиштето на овие желки, познато како Платенкалк. Благодарение на варовникот, во ова поднебје зачувани се бројни фосили.