Египетските власти денеска објавија дека археолози откриле досега непознат ходник, девет метри долг, зад главниот влез во Големата пирамида во Гиза. Проценките велат, ова може да доведе до натамошни откритија.
Новиот наод е во рамките на проектот што користи нова технологија од 2015 година, вклучително и скенирање и ендоскоп за истражување внатре во пирамидите. Недовршениот тунел е веројатно изграден за да ја олесни тежината на пирамидата, главниот влез или други други неоткриени простори, појасни шефот на египетскиот Врховен совет за антиквитети, Мустафа Васири.
Големата пирамида е изградена како владетелска гробница околу 2560 година п.н.е., за време на фараонот Куфу (на старогрчки: Кеопс).
Висока првично 146,6 метри, Големата пирамида била највисоката човекова градба во светот повеќе од 3.800 години – сѐ до појавата на Ајфеловата кула и другите градежни подвизи на денешнината. Со текот на времето, абењето ја спуштило висината на пирамидата на сегашните 138,5 метри. Древната градба денес се простира на 230,3 квадратни метри, а зафаќа вкупно 2,6 милиони кубни метри.