недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

Пронајдено морско чудовиште: Луѓето преплашени, а експерт објасни какво животно е ова (ФОТО)

Пронајдено морско чудовиште: Луѓето преплашени, а експерт објасни какво животно е ова (ФОТО)

На плажата Хигинс на североистокот од САД морето исфрли мистериозно суштетество, кое луѓето го нарекоа „морско чудовиште”.

Посетителите на оваа плажа пронашле суштество кое било во фаза на распаѓање.

-Беше на исфрлено на брегот. Огромно е!, изјавил Крис Блер од службата за надзор и контрола на животни.

Корисниците на социјалните мрежи го опишаа како „некој вид на морски вонземјанин” и како “летечкото животно од Недојдија”.

Иако се мислеше дека станува збор за кит, сепак експертот за ајкули од Флорида, Џорџ Барџес, брзо го идентификуваше суштетстовото како вид на ајкула која е позната под името „големо куче” (Cetorhinus maximus).