петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Пропаѓа најубавата зимска дестинација- чекаме туристи, а добиваме само откази

Пропаѓа најубавата зимска дестинација- чекаме туристи, а добиваме само откази

Ваквото време им носи милионска загуба на жителите на Рованиеми, родното место на дедо мраз на северот на Финска, во лапонија , каде наместо да доаѓаат туристи, стигнуваат откажувања на аранжманите.

Локалните жители се во очај поради откажаните илјадници аранжмани и илјадниците туристи кои требаа да дојдат,  за ваквата состојба ги обвинуваат климатските промени.

Во ова време од годината обично веќе има 20 до 30 сантиметри снег , а сега нема ниту трошка снег за зимска идила. Туристите очекуваат не само да го видат Дедо Мраз, туку и да се скијаат на северот на Лапонија и да доживеат снежна бајка , но попусто. Велат дека за четири дена платиле 2 100 фунти, а нема ништо од доживувањата што ги очекувале.

Туристите се разочарани уште повеќе зашто нивните деца , кои веруваат дека во лапонија среде снег ќе го сретнат дедо мраз на санки и со ирваси , нема да бидат среќни. Според финските метеоролози , нема голема надеж дека ќе заврне снег во наредните десетина дена , што се случува еднаш во 30 години.