Интересна оптичка илузија открива некои интересни карактеристики на вашата личност, но и како ве гледаат другите!
Оптичките илузии и она што прво го гледаме на нив кажуваат многу повеќе за нас отколку што би сакале. Еден од популарните што ги објави порталот Brightside за десет секунди, колку што треба да ја погледнете илустрацијата, ќе покаже дали сте интровертни или екстровертни и како другите ве доживуваат.
Ако прво сте виделе жена со темна коса како седи на подот, имате многу добро око за детали и ништо не пропуштате. Вие сте и малку воздржана и интровертна личност. Брзо се заморувате кога ќе се најдете во поголем круг на луѓе, тоа воопшто не ви се допаѓа.
Луѓето ве доживуваат како тивка и срамежлива личност, поради што на другите не им е лесно да ве запознаат. Но, вие всушност уживате во осаменоста и никогаш не се чувствувате осамено или отфрлено.
Ако прво видите лице со многу широка вилица на сликата, најмногу се фокусирате на пошироката слика и ги игнорирате деталите. Вие сте екстровертен тип, уживате во дружењето, разговорот со пријателите и познаниците, тоа ви дава енергија.
Сакате да ги решавате проблемите со тоа што прво ќе разговарате за нив. Многу сте отворени и опуштени, па луѓето ве доживуваат како пријатни и достапни.