Човекот отсекогаш бил опкружен со растенија, па не е чудно што многумина сакаат да создадат зелена оаза во својот дом. Освен што се корисни и го прочистуваат воздухот, растенијата се поврзуваат и со бројни народни верувања.
Постојат верувања дека одредени растенија носат лоша енергија, додека други носат мир и благосостојба во домот. Постојат три растенија за кои се верува дека не е добро да се чуваат во домот.
Иако некои љубители на растенијата не се согласуваат, и велат дека тоа се „бабини деветини“, треба да прочитате кои билки се „виновници“ за кавгите и разводите, бидејќи тие ја истакнуваат темната страна кај луѓето.
Бршлен – ќе се расправате за ситници
Некогаш се верувало дека ова растение е симбол на лојалност, а немажените девојки го носеле како амајлија. За да ја зачуваат убавината, младоста и да привлечат среќа за стабилен брак, девојките со себе носеле гранче бршлен. Според источните верувања, бршленот во куќата го продолжува животот.
Сепак, постои и народно верување дека бршлен не треба да се подарува на млади брачни парови бидејќи носи несогласувања и кавги дури и за ситници.
Хибискус – одзема позитивна енергија
Цветовите му се убави, па привлекуваат внимание, но се верува дека хибискусот носи проблеми и „одзема“ позитивна енергија. Ако цветот наеднаш почнал да венее, народното верување вели дека ќе дојде до прељуба.
Хоја – цвеќе на жените кое не им годи на мажите
Има неверојатен мирис и често се наоѓа во парфеми, лосиони и пудри. Се одгледува во затворен простор. Се верува дека овој цвет е женски цвет, и дека не им годи на мажите, па често се случуваат кавги.