Ова е рецепт за шампон кој спречува опаѓање на коса, поттикнува брз раст, го враќа сјајот на косата, волуменот и еластичноста. Проверен рецепт кој делува 100 проценти.
За да се ублажи губитокот на коса и да се придонесе за нејзина убавина, ви го препорачуваме овој шампон.
-Шампон од коприва (обичен, литарски)
-Пантенол 100 мл (воден раствор)
-Капки од коприва 30 мл (едно шишенце)
-АД капки, 30 мл воден раствор (едно шишенце)
-Рицинус масло 50 мл
-2 ампули витамин Б
*сите состојки се купуваат во аптека.
Постапка:
Во 750 мл шампон од коприва измешајте цело шишенце пантенол 100 мл, цело шишенце капки од коприва 30 мл, цело шишенце АД капки и рицинусово масло.
Промешајте.
Како делува овој шампон:
Верувале или не, овој шампон е вистинска витаминска бомба за вашата кожа на главата, а со самото тоа и за вашата коса.
Коприва:
Ја забрзува периферната циркулација и исхранетоста на кожата од главата и ги забрзува метаболитичките процеси во внатрешноста на епидермот. Со самото тоа, сите останати состојки од овој шампон побрзо и поквалитетно ќе се апсорбираат.
Пантенол:
Пантотенската киселина (витамин Б5) делува врз сочувувањето на правилната функција на кожата на главата и стимулација на нејзините регенеративни процеси.
Рицинисуво масло:
Ги јакне кутикулите на влакното. Богато е со витамин Е и рицинолеинска киселина. Витаминот Е е значаен антиоксиданс и го спречува дејството на слободните радикали и нивните штетни влијанија на кожата од главата и коренот на косата.
Рицинусот покрај регенеративните својства делува антифугицидно (уништува габички кои се одговорни за појава на првут).
На кожата од скалпот делува заштитно, смирувачки и закрепнувачки, додека со својата густа и леплива конзистенција ги отстранува изумрените клетки од кожата на главата а со тоа се спречува и затнување на фоликулите што би влијаело врз успорен раст.
АД капки:
Витаминот А делува на различни физиолошки функции во човековиот организам, она што е значајно за косата е неговото регенеративно дејство врз скалпот на главата, т.е. диференцијација на епителното ткиво.
Витамин Б комплекс:
Ја исхранува косата и ја враќа цврстината на влакното.
Совет
Шампонот има доста течна конзистенција, па потребно е добро да се протресе пред секоја употреба. Бидејќи е воденикав прво истурете ја во дланка потребната количина, а потоа да втриете добро во косата.
Откако ќе се запени, масирајте го темето неколку минути за да ја зголемите циркулацијата и реапсорпцијата на состојките, оставете малку да делува а потоа темелно исплакнете.
Ако имате изразено опаѓање на косата добро е да пиете чај од коприва, да го контролирате хормонскиот статус и крвната слика, бидејќи недостигот на железо може да доведе до опаѓање на косата.