среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

РЕЦЕПТ ЗА ДОМАШНА МАСКА ОД КРАСТАВИЦА И МЛЕКО: Ја хидрира кожата и ги ублажува изразените брчки!

РЕЦЕПТ ЗА ДОМАШНА МАСКА ОД КРАСТАВИЦА И МЛЕКО: Ја хидрира кожата и ги ублажува изразените брчки!

Доцната пролет и летото се периоди кога кожата на лицето е особено сува, затоа бара дополнителна хидратација и третмани кои ќе ја освежат.

Маска од краставица, мед, млеко и кафеав шеќер може да биде вистински мелем за вашата кожа во топлите денови.

Покрај тоа што се прави лесно и брзо, таа е поефикасна и поздрава од повеќето маски што ги купувате.

Состојки:

една помала краставица
50 мл млеко
1 лажица мед
1 лажица кафеав шеќер
Постапка:

Излупете ја краставицата и изблендирајте ја додека не достигне конзистентност на пире. Измешајте млеко, мед и кафеав шеќер, а потоа додадете го пирето од краставица во оваа смеса.

Нанесете ја маската на лицето и оставете ја да делува 20 минути. Потоа измијте го лицето со млака вода и избришете го со крпа.