сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Речиси 260 луѓе загинале правејќи селфи

Речиси 260 луѓе загинале правејќи селфи

Со појавата на паметните телефони, самослик-фотографиите станаа доста популарни. Но, едно ново индиско истражување покажува дека тие можат да бидат и кобни.

Според податоците, најмалку 259 лица загинале обидувајќи се да направат оригинален самослик. Ова е за периодот од 2011 до 2017 година, пренесува Си-ен-ен. Најмногу од нив се Индијци (159), по што следуваат Русија и Пакистан. Мажите во оваа мрачна статистика заземаат 72 отсто и се помлади од 30 години.

Најмногу од настраданите починале од давење, сакајќи да се сликаат крај голем бран или на раб од брод. Осум лица настрадале фотографирајќи се со диви животни, а луѓе гинеле и застанувајќи пред воз или, пак, пред огнено оружје (тука предводат САД).

Најчесто жртвите на самосликот се младите и туристите кои сакаат да бидат што попопуларни на социјалните мрежи.