Работниците во зоолошката градина во Јапонија веруваат дека ја решиле мистеријата за тоа како женка гибон забременила и покрај тоа што живеела сама во кафез.
12-годишната белорака женка гибон, Момо, ги шокираше своите чувари во зоолошката градина Кујукушима и ботаничката градина во Нагасаки во февруари 2021 година, кога се породи.
Зоолошката градина, две години подоцна, развила теорија за тоа како Момо забременила откако бил направен ДНК тест на нејзиното бебе.
Тестот покажал дека таткото е црноракиот гибон Ито, кој бил во соседниот простор кога Момо забременила.
Japanese zoo solves mystery of isolated gibbon’s pregnancy…
The zoo told CNN on Friday it believed that Momo and Itō had managed to mate through a small hole in a steel plate between their enclosures.
THE HOLE MEASURED ABOUT 9 mm (0.3 in) IN DIAMETER!!https://t.co/amP3YUnbBj pic.twitter.com/yIguT6Fyx1
— The JRE Companion (@TheJRECompanion) February 11, 2023
Зоолошката градина изјави за Си-Ен-Ен дека веруваат дека Момо и Ито се спариле низ дупка, со дијаметар од околу девет милиметри, во челична плоча меѓу нивните кафези.
Според зоолошката градина, бебето гибон е здраво, расте со внимание и љубов на мајка си, а сега тежи околу два килограми.