четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Ресторан во Тексас плаќа за играње со кучињата на своите гости

Ресторан во Тексас плаќа за играње со кучињата на своите гости

Ресторан во Тексас  нуди примамлив оглас за работа: чување домашни миленичиња додека гостите уживаат во храна и дружење во угостителскиот објект. За таква работа ќе се плаќа по стотина долари. Меѓу обврските се играње со кучиња и надзор на просторот пред ресторанот наменет за домашни миленичиња и повремено дружење и со нивните сопственици.

Dog Friendly MUTTS Canine Cantina ресторан во Далас на вработените за тие обврски ќе им плаќа по 100 долари на час. Пријавата е објавена на Инстаграм и потенцијалните кандидати мора да „стават“ духовити фотографии или видео снимки и да објаснат зошто веруваат дека се најдобри за таа работна позиција. Кандидатите не смеат да бидат помлади од 18 години. Дополнителни погодности се бесплатен оброк и пијалок во ресторанот.