среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Роднина на Хитлер се вљубил во Еврејка

Роднина на Хитлер се вљубил во Еврејка

Американец, далечен роднина на Хитлер се вљубил во Еврејка, но врската не успеала, кога таа ја дознала семејната историја.

Браќата Александер, Брајан и Луис Стјуарт-Хјустон се внуци на Алоис, полубрат на Адолф Хитлер и се последните живи роднини на нацистичкиот лидер. Нивниот дедо се оженил за Ирка, и живееле  во Даблин, откаде што се преселиле во Англија, па во САД.

Сето тоа пред Втората светска војна. Нивниот татко Вили Хитлер се вклучил во американската морнарица, и се  борел против Германците, што било популарно наречено Хитлер против Хитлер.

Тројцата браќа, кои денес живеат на Лонг Ајленд, имале и четврти брат,  Хауард, кој загинал во сообраќајна несреќа пред 30-на години.

Александер за повеќе медиуми има раскажувано дека еден од браќата, што се уште не сака да го именува, бил во врска со Еврејка и сакал да се ожени со неа, но кога таа дознала за неговата семејна лоза, го напуштила.

Тој за „Дејли Мејл“ изјави дека тие одлучиле да не се женат и да немаат деца, за „да се прекине крвната линија“ на Хитлер.