Рудар во Танзанија станал милионер преку ноќ откако продал две парчиња на драгоцен камен, најголеми кои се некогаш пронајдени во оваа земја, со вкупна тежина од 15 килограми.
52-годишниот Санин Лаизер двете парчиња транзит ги продал за 3,4 милиони долари во Министерството за драгоцени камења во Танзанија, пренесува Би-Би-Си.
Лаизер рекол дека овие пари сака да ги инвестира во својот крај и да изгради трговски центар и училиште во близина на својата куќа.
Истакнал дека многу луѓе во неговото соседство се сиромашни и дека не можат да си дозволат да ги носат децата на училиште.
Тој рекол дека парите кои ги добил нема да го променат неговиот начин на живот и дека тој планира и понатаму да вложува во своите 2.000 крави додека тоа на што ќе бидат вложени парите ќе го препушти на децата.
Лаизер има над 30 деца и 4 жени.
Додал дека нема потреба да презема дополнителни мерки за чување на парите бидејќи неговиот крај е безбеден и најавил голема прослава по повод добивката.