вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Рудар стана милионер: Овој татко на 30 деца најде драгоцен камен кој ќе му го промени животот (ФОТО)

Рудар стана милионер: Овој татко на 30 деца најде драгоцен камен кој ќе му го промени животот (ФОТО)

Рудар во Танзанија станал милионер преку ноќ откако продал две парчиња на драгоцен камен, најголеми кои се некогаш пронајдени во оваа земја, со вкупна тежина од 15 килограми.

52-годишниот Санин Лаизер двете парчиња транзит ги продал за 3,4 милиони долари во Министерството за драгоцени камења во Танзанија, пренесува Би-Би-Си.

Лаизер рекол дека овие пари сака да ги инвестира во својот крај и да изгради трговски центар и училиште во близина на својата куќа.

Истакнал дека многу луѓе во неговото соседство се сиромашни и дека не можат да си дозволат да ги носат децата на училиште.

Тој рекол дека парите кои ги добил нема да го променат неговиот начин на живот и дека тој планира и понатаму да вложува во своите 2.000 крави додека тоа на што ќе бидат вложени парите ќе го препушти на децата.

Лаизер има над 30 деца и 4 жени.

Додал дека нема потреба да презема дополнителни мерки за чување  на парите бидејќи неговиот крај е безбеден и најавил голема прослава по повод добивката.