четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Русија поднесе документи за регистрација на вакцина против Ковид-19 за животни

Русија поднесе документи за регистрација на вакцина против Ковид-19 за животни

Руската Сојузна служба за ветеринарен и фотосанитарен надзор до Тајланд и Унгарија испрати документи за регистрација на руската вакцина за животни против Ковид-19, изјавил шефот на Службата, Сергеј Данкверт.

-Веќе го формиравме и го испративме регистрациското досие во Унгарија и Тајланд. Унгарија на пример, ја рагзледува можноста за регистрација на вакцината за кучиња, истакнал Данкверт.

Според неговото мислење, вакцината ќе биде барана во земјите од југоисточна Азија. Тој известува дека во тек се преговори за регистрација на вакцината со 17 земји.

Цените, за кои не се очекува да бидат многу високи, ќе зависат од условите на испорака и превозот.