На гробиштата во рускиот град Уфа минувачите воочиле бизарен надгробен споменик, подигнат на загинатата Рита Самиева која настрадала 2016 година во сообраќајна несреќа.
Имено, споменикот во облик на телефон АјФон го порачал таткото на Рита, Раис.
Освен информацијата дека сакала да патува и дека имала пријатели во Германија, се останато за покојната е мистерија и непознато.
На предната страна од споменикот висок метар и половина изработен од базалт стои ликот на покојната во природна величина, додека од другата страна е издлабена камера, како и логото на Ајфонот.
Еден од чуварите на гробиштата помислил дека халуцинира кога го видел споменикот.
-Од каде американски паметен телефон се појави на нашите гробишта? Толку е огромен што се изненадив. Сум видел многу споменици, но ваков не, рече тој.
Каменорезецот кој го направил овој помалку бизарен споменик, се уште не е познат, но се сомнева на една фирма од Сибир која веќе имала слични изработки.-