петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Рускиот Мекдоналдс продал 120.000 хамбургери првиот ден

Рускиот Мекдоналдс продал 120.000 хамбургери првиот ден

Првата филијала на руската верзија на синџирот ресторани Мекдоналдс, наречена Вкусно и точка, беше отворена во Москва пред десетина дена откако американскиот синџир за брза храна ја напушти земјата и го продаде својот имот во Русија.

Оттогаш, околу 50 ресторани се отворени во и околу руската престолнина.

Рускиот ребрендиран Мекдоналдс привлече големо внимание кај Русите и речиси 120.000 хамбургери биле продадени на денот на отворањето во Москва, соборувајќи ги сите претходни рекорди пред американскиот синџир да ја напушти земјата, пишува Дејли мејл.

„Првиот ден продадовме речиси 120.000 хамбургери. Ваков дневен промет никогаш не сме виделе во целото време на работењето на Мекдоналдс во Русија“, изјави извршниот директор Олег Пароев.

Тој вели дека не очекува ваквата побарувачка за хамбургери да трае, туку дека целта им е да отворат ресторани на што повеќе локации и да добро да работат.

Тој признава дека е предизвик да се заменат некои состојки и да се најдат добавувачи. Иако 99 отсто од производите доаѓаат од руски добавувачи, Пароев вели дека „значителен процент“ од состојките се набавени во странство, што е комплициран процес поради санкциите.

„Во моментов бараме нов добавувач на пијалоци бидејќи Кока-Кола ги исцрпува своите резерви во Русија“, вели тој.

Новата фирма е решена да го задржи квалитетот на производите, но Пароев забележува дека е предизвик да се задржи познатиот вкус на храната на Мекдоналдс.

„Нашите гости ќе се навикнат на новото име и ќе сфатат дека повеќе не се во „Мек“ туку во „Точка““, заклучува Олег.

Новото лого, шема на бои и пакување без сите брендови на Мекдоналдс ги дочекаа илјадниците луѓе кои дојдоа на главното отворање на Вкусно и тпочка на плоштадот Пушкин во Москва, бидејќи новата компанија го загуби својот заштитен знак и правата на интелектуална сопственост на американската групација.

Нов сопственик е Александар Говор, кој од 2015 година има лиценца на Мекдоналдс за 25 ресторани во Сибир. Од компанијата забележуваат дека вработувањето продолжува, пишува Индекс.хр.