сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Сакал да ја избегне гужвата возејќи преку трамвајските шини – не си поминал убаво (ВИДЕО)

Сакал да ја избегне гужвата возејќи преку трамвајските шини – не си поминал убаво (ВИДЕО)

Гумите не издржале, па останал заглавен помеѓу трамвајските шини.

Веројатно и сами сте биле сведоци на непримерното однесување на возачите, најчесто во скапи автомовили, кои на разни недозволени начини се пробиваат низ редиците. Слично сценарио се случило и на улиците во Истанбул, кога возач на Ренџ Ровер решил да го заобиколи сообраќајниот метеж.

Тој возел од населбата Каракој во Еминон и како што покажува видеото, решил набрзина да помине низ трамвајската линија за што побрзо да стигне до својата дестинација.

Притоа, локалната сообраќајна полициска патрола воопшто не го исплашила, пишуваат турските медиуми. Притиснал на гаста, но не стигнал многу далеку. Гумата не ги издржала напорите, а тој останал заглавен помеѓу шините. Возилото едноставно било премногу широко за да помине.

Сопственикот потоа се обидел да се извлече од крајно непријатната ситуација во која се нашол возејќи наназад, но не успеал. Трамваите морале да застанат во двата правци, а набрзо се собрале многу љубопитни луѓе.

На крајот пристигнала влечната служба, а конечно се појавила и полицијата. Сопственикот се изморил од целата оваа ситуација, па воланот го предал на други служби, а времето, според сведоците, го поминал седејќи во автомобилот со пијалоци и пецива.

Бил алкотестиран, возилото било отстрането со влечна служба, а трамвајскиот сообраќај повторно бил воспоставен по темелен преглед на шините.

Не е познато колкава казна добил овој арогантен возач.