вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Сакал да се фрли од надвозник на автопат, но погледнете што направија камионџии за да го спречат самоубиството

Сакал да се фрли од надвозник на автопат, но погледнете што направија камионџии за да го спречат самоубиството

Полицијата во американската сојузна држава Мичиген спречи самоубиство од надвозник на автопатот 696 благодарение на солидарноста на локалните камионџии, кои се паркираа под надвозникот за да го ублажат падот.

Полицијата морала бргу да реагира откако добиле дојава дека човек стои на надвозникот и се заканува со самоубиство. Полицајците повикале група локални камионџии, кои се паркирале под надвозникот, со што значително ја намалиле височината од која би паднал човекот.

Планот вродил со плод, и набргу по постројувањето на камионите, човекот се предомислил и се симнал долу.