недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Сакате да имате блескава кожа секој ден: Еве ПЕТ едноставни трикови за да постигнете прекрасен сјај!

Сакате да имате блескава кожа секој ден: Еве ПЕТ едноставни трикови за да постигнете прекрасен сјај!

Темелното чистење на лицето, користењето маски и серуми се само некои од начините на кои можете да и ја дадете најдобрата нега на вашата кожа.

Нема сомнеж дека постојат различни типови на кожа и дека нешто што ви одговара вам можеби не и одговара на вашата пријателка.

Меѓутоа, кога станува збор за нега на лицето, постојат неколку општи совети кои слободно можете да ги примените доколку сакате убава и блескава кожа.

Двојно чистење

Прво исчистете го лицето со мицеларна вода, а потоа измијте го со средство за чистење кое одговара на вашиот тип на кожа.

Користење на маска за лице

Користењето маска за лице може да спречи разни проблеми со кожата. Пред да купите маска, не би било лошо да се консултирате со дерматолог, за да ви препорача некоја која е прилагодена на вашето лице.

Серум со витамин Ц

Серумот кој содржи витамин Ц е многу корисен за кожата на лицето. Она што многу луѓе не го знаат е дека, освен што ја негува кожата, витаминот Ц помага и за осветлување и отстранување на темните дамки од лицето.

Редовен пилинг на лицето

Редовниот пилинг на лицето ги отстранува мртвите клетки, ги отпушува порите, ја прави кожата поздрава и спречува појава на акни. Сепак, бидете внимателни, бидејќи премногу пилинг може да има спротивен ефект и да ја иритира вашата кожа.

Крема за сончање

Овој производ ќе ја надополни вашата рутина и ќе придонесе за посјаен изглед на лицето. Се препорачува да го нанесувате овој крем на секои четири часа.