Во католичката традиција, црната облека ги симболизира доблестите на побожност и понизност. Затоа традицијата налага за време на приватна аудиенција кај папата, жените да се појавуваат во долги црни фустани, високи јаки, долги ракави и црн капут.
Со текот на времето, оваа практика е приспособена, па денес „дрес кодот“ значи само црн фустан и црн вел.
Само ОВИЕ седум жени можат да носат бело пред Папата:
Кралицата Летиција од Шпанија – сопруга на кралот Филип.
Кралицата Софија од Шпанија – мајка на кралот Филип, сопруга на поранешниот крал Хуан Карлос I.
Белгиската кралица Матилда – сопруга на кралот Филип.
Кралицата Паола од Белгија – сопруга на поранешниот крал Алберт Втори.
Принцезата Шарлин од Монако – сопруга на Алберт II, сегашниот принц од Монако.
Војвотката Марија Тереза од Луксембург – сопруга на големиот војвода Хенри, сегашен монарх на Луксембург.
Принцезата Марина Дорија од Неапол – сопруга на Виторио Емануел ди Савој, син на последниот крал и кралица на Италија.