четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Само за најхрабрите: Ова е најбрзиот и најголемиот ролеркостер на светот, кој на крајот од лудото возење завршува под вода (ВИДЕО)

Само за најхрабрите: Ова е најбрзиот и најголемиот ролеркостер на светот, кој на крајот од лудото возење завршува под вода (ВИДЕО)

Ролекостерите секоја година стануваат се полуди и поопасни, а ширум светот се отвараат бројни тематски паркови, кои поттикнуваат натпреварувања и потрага по возбуда.

Сега еден тематски парк во Канада се припрема ролекостерот да го доведе на скроз друго ниво.

Канадската Земја на чудата која се наоѓа во близина на Торонто, од 2019 година ќе биде дом на Јукон Страјкер, кој ќе биде најдолг, најбрз и највисок ролеркостер на светот.

Со повеќе од 1.110 метри стаза, Јукон Страјкер ќе може да достигне брзина од 130 километри на час, со висина од 75 метри.

Луѓето кои ќе бидат во него ќе може да се свртат и за 360 степени. Оние кои трагаат по возбуда ќе може да се возат под агол од 90 степени право во подводен тунел.

Пред спуштањето машината ќе направи пауза од три секунди, па на таа висина ќе створи голема напнатост

Кандската Земја на чудата покажа како би требал да излгеда овој ролеркостер.