понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

СЕ БОРИТЕ СО ‘РЧЕЊЕТО? Тогаш треба да спиете во оваа положба и проблемот ќе исчезне!

СЕ БОРИТЕ СО ‘РЧЕЊЕТО? Тогаш треба да спиете во оваа положба и проблемот ќе исчезне!

‘Рчењето е проблем со кој се соочуваат многу луѓе, особено оние кои имаат несреќа да спијат покрај луѓе кои ‘рчат или се во иста просторија со нив. Во такви услови многу е тешко да се има квалитетен сон.

Поради оваа причина, многу луѓе земаат апчиња за спиење или користат тампони за уши, меѓутоа, постои поевтин метод кој ќе ви помогне да се ослободите од ‘рчењето, а тоа е изборот на соодветна положба за спиење.

Експертите препорачуваат да спиете на страна наместо на грб. Истражувањата потврдија и дека луѓето кои спијат на десната страна помалку ‘рчат, но причината зошто е тоа така сè уште не е откриена.

Треба да обрнете внимание и на аголот под кој вашата глава се потпира на перницата. Наклон од не повеќе од 20 степени се смета за идеален за ноќ без ‘рчење. Ова може да значи дека треба да си купите себеси или на личноста која ‘рчи нова перница, но тоа секако не е голема цена за квалитетен сон.

Кога сето ова сте го направиле или сте го советувале да го направи партнерот или цимерот во просторијата каде што спиете, се што треба да направите е да се молите личноста што ‘рчи покрај вас да не се преврти во текот на ноќта.