Сопругата на еден од најголемите нарко-босови на сите времиња, Хоакин Гузман „Ел Чапо” го прекина своето молчење и се обрати до медиумите пред Сојузниот суд во Бруклин.
Ема Коронел им се обрати на новинарите после сослушувањето на кое што на местото на „Ел Чапо” зборуваа неговите адвокати. Таа вели дека е многу загрижена затоа што нејзиниот сопруг тешко го поднесувал затворот.
-Загрижена сум за неговото здравје, тој е во многу лоша присихолошка ситуација. Се чувствува лошо, така ми кажаа адвокатите и тоа многу ме загрижува, изјави таа и потоа се запраша „како тој воопшто во ваква здравствена состојба ќе го дочека судењето”.
-Забележавме дека психичката ситуација му се има влошено. Не само помнењето, туку и начинот на кој што тој ги разбира работите. Тој повеќе не е истиот човек кого го запознав, изјави неговиот адвокат Едуардо Баларезо.
Поранешната мисица, 28-годишната Коронел е во брак со 61-годишниот нарко-бос уште од 2007-ма година, а со него има и две ќерки близначки.
Да потсетиме, мексиканскиот нарко-бос во неколку наврати успешно бегаше од затвор, а кога мексиканските власти го уапсија во 2017-та година, тој беше екстрадиран во САД. Неговите адвокати откриваат дека тој во затворот во САД е под строг надзор, светлото во неговата самица е нон-стоп вклучено, вентилацијата е лоша, а температурата секогаш е превисока или прениска.
„Ел Чапо” го чека судење откако беше обвинет за продавање на дрога, перење на пари, киднапирања и убиства. Судењето започнува во септември оваа година.
#Video ? Emma Coronel dice que lleva 15 meses sin hablar con “El Chapo” https://t.co/0RVAZVlicI pic.twitter.com/GZYsfuy9qS
— El Universal (@El_Universal_Mx) April 17, 2018