вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Се сеќавате на „Би-би-си таткото“- поради децата кои му го уништија интервјуто стана интернет ѕвезда (ВИДЕО)

Се сеќавате на „Би-би-си таткото“- поради децата кои му го уништија интервјуто стана интернет ѕвезда (ВИДЕО)

Помина точно една година од интервјуто на професорот Роберт Кили за Би-би-си.
Дотогаш анонимниот професор по политички науки од факултетот „Пусан нешанел“ во текот на сериозното интервју одговараше на прашања за состојбата во Јужна Кореја кога во собата му улета тригодишната ќерка, а по неа во дубак се појави и бебето-син. На крајот, зачини мајката која се обиде да ги тргне децата.

Снимката од интервјуто е прегледана десетици милиони пати, а Роберт Кели и неговото семејство станаа интернет ѕвезди.

Би-би-си се присети на интервјуто со твитот „помина една година откако светот стана подобро место“.

Од тој момент Роберт Кили нема кој не го знае, а неговата ќерка Марион е вистинска ѕвезда. Оттогаш на Твитр Кели го следат илјадници луѓе.

Професорот признава дека тој момент целосно му го променил животот.

„Искрено, мислев дека Би-би-си веќе никогаш нема да ми се јави, но станавме ѕвезди. Луѓе се фотографираат со нас, а папараци нè ловат додека пазариме“, признава во едно интервју.