четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Се топат автомобили, пластични контејнери, семафори – во оваа земја се измерени вртоглави 73 степени – луѓето печат и јајца на улица

Се топат автомобили, пластични контејнери, семафори – во оваа земја се измерени вртоглави 73 степени – луѓето печат и јајца на улица

Веќе неколку недели делови од Европа и светот се зафатени од топлотен бран, а многу градови со денови бележат над просечни температури, а дел од нив соборуваат и рекорди.

Во Канада имаше дури и смртни случаи од топлотниот бран, додека на Блискиот исток се рушат многу рекорди во поглед на температурите.

Таму е толку многу топло што се топат автомобилите, а како што се гледа на фотографиите на социјалните мрежи се топат дури и контејнерите за отпадоци како и пластичните цистерни за вода.

Сепак во описот на фотографијата иако пишува дека се работи за Кувајт каде е забележано најтоплиот ден до сега со дури 73 степени, тоа не е вистина.

Медиумите открија дека станува збор за Фејсбук пост кој го заобиколи светот, но станува збор за стари фотографии. Некои од нив се од 2018 година, додека дел од 2016 година.

На фотографијата со стопените автомобили медиумите откриваат дека станува збор за автомобили кои настрадале во експлозија во 2018 година, додека останатите се направени од различни земји ширум светот.

Сепак, според податоците на четврти јули кога е објавен овој пост „Кувајт се топи“ реалната температура таму изнесувала 48 степени, што е далеку пониска од 73 степени.

Што се однесува за највисоката температура во светот, таа изнесувала 56,7 степени и е измерена на 10 јули 1913-та година во Калифорнија.