85-годишна жена од Мадрид чие семејство сметало дека починала од коронавирус ги изненадила своите најблиски кога се вратила во старечкиот дом, девет дена по нејзиниот погреб.
Како што пренесуваат медиумите, настанала конфузија поради која семејствата на Рогелија Бланко пријавиле дека таа починала од коронавирус, а поради пандемиските мерки, тие не можеле да бидат присутни на погребот.
Сè започнало кога Рогелија добила позитивен резултат на тест за корона, и била пренесена во друг дом специјализиран за лекување. Конфузијата настанала по смртта на жената која била со Рогелија во собата и по грешка било забележано дека таа починала.
Нејзиното „враќање од мртвите“ го шокирало и нејзиниот сопруг Рамон, кој живеел во истиот дом за стари лица.
„Не можев да верувам. Ја оплакав смртта на сопругата”, изјавил Рамон за локалните медиуми.