петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Сензационално откритие на археолозите: Скелет на праисториско бебе ја крие тајната за населувањето на Америка

Сензационално откритие на археолозите: Скелет на праисториско бебе ја крие тајната за населувањето на Америка

Додека го проучувале пронајдениот скелет на праисториското бебе, научниците врз основа на ДНК анализите, заклучиле дека тоа бебе е припадник на најстарите колонизатори на Америка кои што некогаш се откриени.

Резултатите од истражувањата сугерираат на тоа дека Алјаска е населена пред 25 илјади години, односно дури 10 илјади години порано од досегашните претпоставки на археолозите.

„Факт е дека оваа популација е постара од другите познати групи на староседелци што е многу важен податок кога станува збор за населувањето на Америка“, истакна професор Еск Вилерслев од Кембриџ кој што е ко-автор на студијата.

Оваа нова популација научниците ја нарекоа „Древни Берингијанци“, а се смета дека падот на нивото морето во тоа време во Беринговиот проток можело да резултира со суша на тоа подрачје.

Врз основа на добиените резултати, научниците тврдат дека бебето живеело на подрачјето познато како „Апворд Сан Ривер“ на Алјаска. Скелетот на пронајденото бебе се проценува дека е стар околу 11,500 години.

Споредувајќи ги генетичките сличности и разлики со другите луѓе од тоа време, научниците успеале да заклучат дека до миграцијата од Азија во Америка дошло многу порано од тоа што досега се претпоставувало.

„Овие нови информации ќе ни овозможат подетално да ја истражиме историјата на населувањето на Америка, нешто што е очигледно многу посложено од тоа што досега мислевме“, изјави антропологот Ден Потер од универзитетот на Алјаска кој што е еден од лидерите на студијата.