Новата песна на Шакира ги руши сите рекорди поради тоа што за неколку денови надмина 120 милиони прегледи на Јутјуб, а продолжи со истото темпо.
Секако, во лансирањето на песната помогнало и тоа што колумбиската пејачка метафорично користела два часовници за да „му се обрати“ на својот поранешен сопруг Жерар Пике, споменувајќи дека „Rolex менувал за Casio“.
Секако, ова конкретно споредување не му наштетило на брендот „Casio“, напротив, била најголемата реклама за компанијата.
И, додека часовниците „Casio“ секако можат да се сметаат за попристапни од „Rolex“ поради тоа што се познати повеќе по издржливоста отколку по луксузот, постои еден модел којшто ги надминува сите – моделот којшто дури и најголемите колекционери на „Rolex“ можат да му завидат.
Зборуваме за „Casio G-Shock G-D5000-9JR“ којшто е позлатен со 18-каратно злато и чини повеќе од „Rolex“.
Овој луксузен часовник е произведен во 2020 година како колекционерски предмет за прославата на 35-годишнината на брендот „Casio“.
Од таа причина компанијата лансирала само 35 „G-Shock G-D5000-9JR“ со 18 карати злато, што е вклучено во продажната цена од нешто повеќе од 55.000 евра.
Па, не знаеме за што Шакира точно зборува, но веруваме дека многу луѓе би го смениле „Rolex“ за овој „Casio“ часовник.
Што мислите вие?