вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Шест бонтон павила кои секогаш треба да ги следиме: Мора секогаш да ги имате на ум

Шест бонтон павила кои секогаш треба да ги следиме: Мора секогаш да ги имате на ум

Грижете се за вашите манири и впечатокот што го оставате кај другите

Бонтонот е збир на правила на убаво и учтиво однесување, а различни содржини се присутни во речиси сите општества. Зборот бонтон е од француско потекло и во превод значи елегантно однесување.

Со текот на времето, правилата за добро однесување се променија, приспособувајќи се на модерниот начин на живот.

На пример, порано беше сосема незамисливо жената да запали цигара, а припадниците на посилниот пол мораа да ја пресоблечат гардеробата што мириса на чад, доколку се во женско друштво.

Кои правила важат денес?

Влегување и излегување од ресторан

Дамите имаат предност – речиси сите го знаат тоа. Сепак, постојат исклучоци. При влегување во угостителски објект, правило е мажот да влезе прв за жената прва да не наиде на непријатни ситуации. Односно, посилниот пол е тој што го трасира патот и избира маса во ресторан.

Вадење на капата, шеширот или ракавиците

И денес важи правилото дека кога мажот ќе сретне жена во некој премин или соба, ги симнува капата, шеширот, ракавиците, во зависност од тоа што носи во тој момент. Од друга страна, понежниот пол воопшто не го прави тоа.

Прибор

Кога станува збор за приборот за јадење, постојат многу правила и мислења за тоа како правилно да се намести и со каков прибор да се јаде. Но, постои едно правило кое е општо прифатено насекаде, а тоа е дека приборот за јадење никогаш не треба да се остава на рабовите на чинијата за време на ручекот. Вилушката и ножот се ставаат вкрстено во чинијата.

Лифт

Според бонтон, жената е таа која прва влегува и излегува во лифт. Постојат теории кои велат дека всушност мажот треба прв да влезе во лифтот за да ја провери безбедноста на лифтот. Цигарите, како и туркањето, бучавата, се сметаат за крајно непријатни за мали и тесни простори како што е лифтот.

Придржување на палтото

Скоро сите знаеме дека вистински џентлмен секогаш ќе го придржи женското палто и ќе донесе столче. Но, постои исклучок од ова правило! Имено, тоа е должност исклучиво на дамскиот придружник, но не и на келнерот. Доколку келнерот се понуди да го стори тоа, придружникот треба да ја одбие понудата и да ја преземе обврската.

Поправање на шминката

Ако вашата шминка е размачкана или расипана, правилата на учтивост налагаат да ја поправите само во тоалетот. Поправањето шминка во салата на ресторан или кафуле, на масата се смета за помалку пристојно.