недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Шестгодишно дете барало црви во дворот, а потоа ископало нешто старо 488 милиони години (ФОТО+ВИДЕО)

Шестгодишно дете барало црви во дворот, а потоа ископало нешто старо 488 милиони години (ФОТО+ВИДЕО)

Момче (6) од Велика Британија пронашло фосил стар стотици милиони години со помош на детска алатка за пребарување фосили, што го добил како подарок за Нова Година. Момчето вели дека копал во дворот „во потрага по црви“ кога неочекувано пронашол предмет стар милиони години. Сидак Синг Џамат, наречен Сид, вели дека бил „возбуден“ кога нашол фосил во неговиот двор во англискиот град Валсал.

Неговиот татко, Вис Синг, подоцна успеал да добие информации преку Фејсбук група дека се работи за остаток од коралите.

Вис Синг проценува дека фосилот е стар меѓу 251 и 488 милиони години.

– Копав во потрага по црви и предмети, па го најдов овој камен што изгледаше малку како рог, но помислив дека може да биде заб или канџа, а всушност тоа е остатокот од корали – објаснува момчето.

– Бев многу возбуден кога сфатив за што станува збор. Беше вистинско изненадување да се најде предмет со толку необична форма … Прво пронајде корали и некои помали делови до него, а следниот ден цел блок песок – додава неговиот татко.

– Пронајдовме многу школки во тој песок, нешто што личи на пипало од лигњи и разни други праисториски фосили – наведува тој.

Постариот Синг вели дека остатоците од фосилите, најверојатно, припаѓале на коралите ругоса, за кои се проценува дека постоеле во палеозојскиот период – пред 251 и 488 милиони години.

– Англија во тоа време беше дел од суперконтинентот Пангеа [што некогаш постоеше], а исто така беше и под вода …. Тоа беше многу одамна.

Семејството потенцира дека тие не живеат во дел од земјата позната по фосили, како што е Јураскиот брег во Англија, но дека во нивниот двор има многу природна глина, каде што се пронајдени фосили.

– Многу луѓе велат дека чувството е неверојатно кога ќе откриете такво нешто во вашиот двор – вели Синг.

-Тој исто така кажа дека фосилите се насекаде, само треба внимателно да гледате но пронаоѓањето на овој голем фосил е права реткос, заклучува.